Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Георгиевски: „Сезоната е долга, слабиот старт ништо не значи“
    Ракомет

    Георгиевски: „Сезоната е долга, слабиот старт ништо не значи“

    risteBy riste03/09/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еден од оние кои дојдоа во Вардар ова  лето е Гоце Георгиевски, репрезентативното крило на Македонија и на Вардар говореше пред Ф4-турнирот во СЕХА-лигата и полуфиналето со Загреб и истакна дека слабиот старт не мора ништо да значи затоа што сепак е само старт на сезоната која ќе биде долга за сите екипи.

    „Оваа сезона ќе имаме што да кажеме, овој слаб старт не мора ништо да значи, сезоната е долга. Треба време да се наместат коцките, имаме искусни и млади играчи и мислам дека тоа може да се вклопи и да направиме добар резултат. Реално ние сме еден нов тим, со многу нови играчи меѓу кои сум и јас. Има уште многу натпревари, важно е за тимот ние да играме што е можно покомпактно. Мислам дека ни треба време и како одминува мислам дека играме подобро. Имавме малку среќа со Нексе и сега имаме шанса со Загреб на фајнл-фор турнирот во СЕХА да потврдиме дека можеме подобро. Тоа е добро познат противник, бидејќи Вардар секоја година игра со Загреб по неколку натпревари. И тие се исто така релативно нова екипа, имаат нов тренер, млада екипа. Очекувам тежок натпревар и голема борба“, изјави Георгиевски.

    Вардар ќе ја брани титулата во СЕХА-лигата на Ф4-турнирот во Задар, а нашиот шампион е рекордер по бројот на настапи на завршниците затоа што има вкупно девет, односно секогхаш играл на Ф4 турнирот од СЕХА лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.