Македонскиот ракометен репрезентативец, Гоце Георгиевски, кој ги брани боите на ЧСМ Букурешт, сосема заслужено се најде во дрим-тимот на романскиот шампионат.
Во изборот организиран од страна на – „Про Спорт“, во кој гласаа 14-те тренери, нашиот интернационалец е избран за најдобро десно крило. Македонецот ги остави зад него Михалчеа од Стеауа и Талмаиер од Потаиса. За МВП на лигата е прогласен Хрватот, Анте Кудуз.
Покрај Георгиевски, во идеалниот тим се избрани и голманот Сејад Хиедарирад од Динамо Букурешт, левото крило Милан Котрч од Баја Маре, левиот бек Анте Кудуз од Динамо, средниот бек Камел Алуини од Динамо и десниот бек на Темишвар – Мариус Садовеак. На листата фигурира и пивотот на Стеауа, Немања Грбовиќ.