Последната победа на германските ракометари над Данска беше пред речиси осум години на 27 јануари во 2016 година. Тогаш Бундестимот победи со 25:23 против Данците на Европското првенство во Полска.
Интересно од тој тим денеска во селекцијата на „панцирите“ се само 4 ракометари: Каи Хефнер, Руне Дамке, Јаник Колбахер и Андреас Волф.
Последните три натпревари против северниот сосед, Германија ги заврши со порази. Од нив два беа убедливи 23:30 и 21:28 и еден тесен кој беше во главната рунда на ЕП 2018 година, кога средбата заврши со 26:25 за Данска.

