Откако се одиграа сите 112 натпревари на СП во Полска/Шведска, синоќа беше избран и Ол-стар тимот на 28-то Светско првенство во ракомет.
Пет тима се претставени во Ол-стар тимот на првенството, а од нив по двајца играчи има од Данска, Шпанија, Германија и Франција, додека Шведска има само еден член во најдобриот тим на шампионатот.
Гидсел стана само вториот играч на Данска во историјата кој ја освоил наградата МВП на Светското првенство, откако тоа претходно го има направено неговиот сонародник и соиграч Микел Хансен, кој го доби ова признание трипати: во Шпанија 2013, во Данска/Германија 2019 и во Египет 2021 година.
Полска/Шведска 2023 – Ол-стар тим
Голман: Андреас Волф (Германија)
Десно крило: Никлас Екберг (Шведска)
Десен бек: Алекс Дујшебаев (Шпанија)
Среден бек: Недим Ремили (Франција)
Лев бек: Симон Богетофт Питлик (Данска)
Лево крило: Анхел Фернандез Перез (Шпанија)
Пикер: Лудовик Фабрегас (Франција)
Најдобар млад играч: Јури Нор (Германија)
МВП: Матијас Гидсел (Данска)