Ракометарките на Ѓорче Петров супериорно го освоија победничкиот трофеј во националниот Куп откако во финалето во Радовиш ја совладаа екипата на Чаир со 36-19.
Актуелниот шампион кој ги обедини двете круни во сезонава, одигра одлично во финишот на првиот дел и направи предност од 6 голови или15-9. Во вториот дел немаше никаква неизвеснот а Ѓорче Петров стигна лесно до триумф со 36-19.
Во победничкиот состав најпрецизна беше Дежиќ со девет голови пред Ризоска со осум. Во редовите на Чаир се наметна Ѓеоргиевска која застана на пет погодоци.

