Ракометарките на Ѓорче Петров утре во Виена ќе го очекуваат својот противник во осминафиналето на ЕХФ Евро купот. По двете убедливи победи над австрискиот Румс Јагс, ѓорчепетровки како прворангирани ќе ги чекаат потенцијалните ривали од вториот шешир.
Таму се наоѓаат екипите на Макаби Аразим Рамат Ган (Изр), Цуг (Шва), Хихон (Шпа), Кобержице (Пол), Коњалти (Тур), Јарослав (Пол), Мадеира (Пор) и Елче (Шпа).
Меѓу можните ривали е и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, кој досега елиминираше два тима од Македонија – Чаир и Куманово.