Женската ракометна репрезентација синоќа беше поразена на првиот меч со Украина од баражите за пласман на СП 2023. Една од најискусните ракометарки во нашиот тим, Елена Ѓоргиевска, вели дека клучен за поразот беше првиот дел од мечот.
„Не сум задоволна. Се подготвувавме да бидеме концентрирани во текот на целиот меч, но не беше така. Ова е еден ривал кој е наш квалитет, шансите се 50-50, но очигледно оние грешки на почетокот и промашени зицери го направија своето. Се надевам дека тоа ќе го поправиме до следниот меч и да одиме во вториот меч со добра игра како во второто полувреме за да обезбедиме пласман понатаму“.
Македонија веќе за неколку дена го игра и реваншот. Украинките ќе не пречекатаа во унгарскиот град Кишварда со предност од два гола од скопската пресметка.