Македонската ракометна репрезентативка Елена Ѓоргиевска по две сезони во екипата на Магура Циснадие во Романија прави трансфер во Турција.
Ѓоргиевска следната сезона ќе го носи дресот на победникот на ЕХФ Купот, турскиот тим Коњалти Анталија, каде веќе настапуваат уште две македонски репрезентативки, Моника Јанеска и Ивана Гакидова.