Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер реши двајцата талентирани играчи Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски од вториот состав на Битолчани да бидат дел од првиот тим.
Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата. Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.
Двајцата ракометари ќе бидат пријавени и за настап во домашното првенство и Купот како и за мечевите во СЕХА лигата и ЕХФ Лигата на Европа.