Младиот стружанец, Емилијан Ѓорговски, кој е еден од најнадежните млади ракометари во Македонија, во наредните години ќе биде дел од најмладиот клуб во земјава – Голден Арт КЛ7.
Кадетскиот репрезентативец од 2016 е во КЛ7 Струга. Таму ги помина сите селекции од пионерската, преку кадетската до младинска што претставува одличен пример за ракометниот развој на децата под капата на големото семејство КЛ7 кое работи под мотото – „Ракомет за секое дете”.
Ѓорговски годинава ќе дебитира во Супер лигата бранејќи ги боите на Голден Арт КЛ7 а по потреба ќе може да се појави и во пониските конкуренции.