Голден Стејт го доби првиот натпревар од НБА финалната пресметка со Кливленд. Актуелниот шампион славеше со 124:114 по продолжение на првата средба која беше одиграна синоќа.
Ѕвездата на Кливленд Леброн Џејмс го постигна својот рекорд од 51 поен постигнат на еден натпревар од плеј-офот, но тој не стигна до победа со својата екипа. Џејмс е вториот играч по легендата Мајкл Џордан, кој успеа да постигне повеќе од 50 поени во НБА финалето од 1970 година до сега.
Дури и феноменалниот натпревар на Леброн не беше доволен, а Кливленд успеа да дојде само до продолжение. Кливленд можеше и да победи во редовното време, но Џорџ Хил не постигна еден од двете слободни фрлања при резултат 107:107 на 4,7 секунди пред крајот. Кевин Лав исто така одигра одличен меч за Кливленд и заврши со дабл-дабл ефект – 21 поен и 13 скокови.
Во победничката екипа на Голден Стејт, Драмонд Грин беше до трипл-дабл со 13 поени, 11 скокови и 9 асистенции. Стеф Кари беше најефикасен со 29 поени, 9 асистенции и 6 скокови, а Кевин Дурант додаде 26 поени. Вториот натпревар од финалната серија е на 4-ти јуни.