Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Голден Стејт поуспешен во „мајсторката“ со Хјустон
    NBA

    Голден Стејт поуспешен во „мајсторката“ со Хјустон

    risteBy riste29/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на Голден Стејт ја добија „мајсторката“ со Хјустон и тоа на теренот на противникот со 92:101 и се пласира во големото финале на НБА лигата, каде по четврти пат по ред ќе играат против Кливленд и неговата прва ѕвезда Леброн Џејмс.

    Актуелниот шампион, Голден Стејт уште еднаш одиграа најдобро кога беше најпотребно, и покрај тоа што Хјустон на полувреме имаше предност од 54:43, но сепак пресудна за победата на „воините“ беше третата четвртина, која ја добија со фантастични 33:15 и направија пресврт во резулатот. Во продолжение се беше во знакот на екипата на Голден Стејт кои не ја пропуштија шансата за победа и пласман во финалето.

    Најефикасен кај победничката екипа на Голден Стејт беше Кевин Дурант со 34 поени, а го многу важни за победата беа и поените на Стеф Кари кој реализираше 27 поени од кој 14 во третата четвртина. Кај Хјустон, Џејмс Харден постигна 32 поени, но неговата екипа не успеа да дојде до посакуваната победа.

    Финалната серија започнува со првиот меч кој се игра на 1 јуни, на теренот на Голден Стејт кој е голем фаворит за освојување на нова титула.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија

    04/02/2023

    Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ

    03/02/2023

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.