Голманот на нашата ракометна репрезентација, Борко Ристовски, вели дека поразот од Хрватска не смее да влијае на атмосферата во тимот бидејќи Македонија има реални шанси да продолжи во наредната фаза.
„Хрватите одиграа искусно кога требаше и ги казнија сите наши грешки. Одигравме добро во најголемиот дел од мечот, но, промашивме и премногу зицери. Мора да прифатиме дека тие се поквалитетна селекција од нас. Сега главата горе и одиме да обезбедиме барем уште една победа која ќе ни донесе пласман понатаму“ – изјави Ристовски по средбата со Хрватска.
Македонија наредниот меч ќе го одигра в среда против селекцијата на Шпанија во вечерниот термин од 20.30 часот.