Кошаркарот, Зајон Вилијамс, кој забележа импресивна сезона во колеџ првенство на САД и ја освои наградата за – „играч на сезоната”, најави дека годинава ќе учествува на НБА драфтот.
18-годишниот играч чии средни индикатори по натпревар се: 22.6 поени, 8.9 скока, 2.1 асистенции, 2.1 одземена топка и 1.8 блокади, речиси сигурно на драфотот ќе биде избран под бројот 1.
„Им благодарам на сите за поддршката. Не можам да опишам колку за мене беше посебна сезоната. Сега најавувам дека ќе учествувам во Драфтот во НБА “, рече тинејџерот од Флорида.

