Најдобриот судиски пар од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, се делегирани да ја делат правдата во големото финале меѓу Франција и Данска на СП во Шведска.
Македонскиот судиски пар е во „кремот“ на ракометните судии, влегуваат во тесната група најдобри, а вечерва ќе го судат првото мундијалско финале. Досега во својата кариера Начевски и Николов суделе многу натпревари, меѓу нив и финалињата на Европското првенство во 2020 година, како и финалниот натпревар на Олимписките игри во Токио.