Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Горбок ќе мора да паузира, пролеми за тренерот Парондо
    Ракомет

    Горбок ќе мора да паузира, пролеми за тренерот Парондо

    risteBy riste04/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Проблеми за екипата на Вардар и тренерот Парондо, а причината за тоа е потврдата на левиот бек на екипата, Сергеј Горбок кој во следните неколку месеци ќе отсуствува од натпреварите поради повреда.

    Последните прегледи на коленото покажале скинати лигаменти што ќе го одвојат Горбок од теренот на подолг период , а тоа значи дека нема да може да настапува во СЕХА лигата, како и во Лигата на шампионите.

    Горбок се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски прегледи. Мaгнетната резонанца покажа дека се работи за повреда на лигаментите, што претставува лоша вест за тренерот Парондо кој веќе има неколку повредени играчи.

    Во моментов надвор од комбинација се голманот Даниел Ѓорѓески, а скршеница на дланката има Стојанче Стоилов кој ќе паузира неколку недели. На списокот на повредени беа и Игор Карачиќ и Вуко Бозоран кои ги санираа своите повреди. Сергеј Горбок се врати во Вардар по две годишна пауза, а на позицијата лев бек игра заедно со Вуко Борозан.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Еурофарм Пелистер го донесе првото засилување, во Битола доаѓа Нејц Цехте

    02/06/2023

    Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

    29/05/2023

    Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер

    27/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Осимен не размислува за трансфер
    • Голгетерот сака да оди на „Сантијаго Бернабе“
    • Касемиро се осврна на деби сезоната во Англија
    • Марко: Хорнер сакаше да оди во Скудерија
    • Баварците нема да се разделат со Дејвис
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.