За да се задоволат сите оние кои сакаат да ги пречекаат ракометарите на Вардар на „Аеродром Скопје“ од ЈСП Скопје ги известуваат сите заинтересирани дека е обезбеден превоз за навивачите:
„ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.
Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17:00 часот од пред Југодрво.
Превозот е бесплатен. Планирано е, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до Плоштад да се возат со панорамски автобус“ се вели во соопштението на ЈСП Скопје.