Селекторот на женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за меѓународниот пријателски турнир кој ќе се одржи во Анкара, Турција.
Во споредба со списокот за квалификациските средби против Германија и Словенија пред еден месец, на списокот ја нема средниот бек Моника Килдан Јанеска, како и повредената Сара Ристовска.
Повик добија кадетската репрезентативка Таида Беровиќ од Металург Автокоманда, како и десниот бек Теодора Дукоска од Ѓорче Петров, додека останатите ракометарки се истите што играа во октомври.
Македонија ба турнирот во Анхара ќе игра против Турција на 5 декември од 14:00 часот, а ден подоцна со Словенија од 12:00 часот, додека турнирот го затвораме со дуел против Словачка на 7 декември од 10:00 часот.
Собирот е на нашата ракометна репрезентација е закажан за 28 ноември од 12:00 часот во Кавадарци, каде ќе се одвиваат тренинзите пред заминувањето за Анкара.

