Генералниот менаџер на Феникс, Брајан Грегори, ги изложи очекувањата за следната сезона во НБА лигата. Популарните „сонца“ во сегашниов шампионат не успеаја да стигнат до разигрувањето.
„Имаме многу талентиран состав. Имаме доволно талент да зборуваме за солидна основа за понатамошна работа“ – рече Грегори.
„Секако, работењето на трансферите ќе биде клучно. Главната задача ќе биде да се утврди кохерентноста и идентитетот на тимот. Ако сè се среди, ќе бидеме многу добри“, рече новиот генерален менаџер на Санс.

