Jанис Адетокумбо ќе остане во редовите на НБА тимот на Милвоки откако „Бакси“ успеаја да го убедат да потпише нов договор за наредните пет години со вкупна вредност од 228 милиони долари.
Грчкиот кошаркар ќе има просечна годишна плата од 45,6 милиони долари со што ќе биде рекордер и ќе има поголеми примања од Џејмс Харден и Расел Вестбрук.
Адетокумбо откако ја продолжи соработката со Милвоки се огласи на социјалните мрежи. – Благословен сум што ќе бидам дел од Милвоки во наредните пет години.

