Кошаркарската репрезентација на Македонија убедливо загуби на гостувањето кај Грузија во Тбилис. Конечниот резултат на оваа средба беше 91:70 и беше сосема очекува, ако се знае со какви проблеми се соочуваше нашата репрезентација пред овој натпревар.
Подмладениот тим, без селекторот Бајиќ, предводен од Џејкоб Вајли, Дамјан Стојановски и Бојан Крстевски немаше сили да направи добар резултат на оваа средба. Грузија од почеток до крај беше таа која ја контролира играта и резултатот и уште по првите 20 минути покажаа дека нема да дозволат никакво изненадување (резултатот на полувреме беше 46:31). Грузија ја зголемуваше предноста и во вториот дел и дојде до 20 поени разлика кои ги одржуваше до крајот од натпреварот.
Тадус МекФаден беше најдобар играч на натпреварот со постигнати 26 поени за Грузија, додека во таборот на Македонија се истакна Војдан Стојановски со 15 поени и четири погодени тројки, Робев постигна 13, а Крстевски и Ефремовски по 11 поени.
Веќе в недела Македонија ќе ја пречека Грузија на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.