Македонската кошаркарска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.
Нашата селекција се најде во групата Г заедно со селекциите на Грузија, Шпанија и Украина.
Квалификациите ќе почнат на 22 ноември. Ќе бидат поделени во две фази. Планирани се вкупно шест ФИБА „прозори“, или вкупно 12 натпревари за пласман на Светското првенство.
За пласман во следната фаза Македонија треба да заврши на едно од првите три места.