Кошаркарот на Фенербахче, Марко Гудуриќ, остана во Белград по натпреварот од Евролигата против Партизан и ќе игра за репрезентацијата на Србија на средбата со Велика Британија од квалификациите за СП 2023 година.
Србите ќе се соочат со Грција во Атина на 24 февруари, па потоа на домашен натпревар со Велика Британија на 27 февруари. На Србија и е потребна една победа за да се пласира на Светското првенство.
Доколку загуби од Грција, тогаш Гудуриќ ќе ја засили репрезентацијата на мечот со Британците. Тој доби дозвола од главниот тренер на Фенер, Димитрис Итудис.