Кошаркарот на Индијана, Тајрис Халибартон, го наведува изворот на успехот на Пејсерси во НБА лигата.
„Одлуката да се задржи поголемиот дел од нашиот тим беше исклучително значајна. Поминавме низ многу работи заедно. Горд сум на нив. Строго го следиме нашиот стил на игра, нашиот идентитет. Со агресивен напад ги исцрпуваме противниците во текот на сите 48 минути “ – рече Халибартон.
Тој на првиот меч на теренот на Њујорк имаше 31 поен и 11 асистенции а неговиот тим победи во продолжение со што дојде до предност од 1-0 во финалето на Источната конференција .

