Најголемата ѕвезда на данскиот ракомет, Микел Хансен, синоќа изгледаше малку надвор од форма во првото полувреме на финалето на СП против Франција, а данските медиуми денеска открија и која е причината.
Хансен имал проблеми со коленото, поради што ќе мора на прегледи.
„Да, не беше баш добро. Имав прекумерно истегнување што предизвика појава на течност во коленото. Играв под инјекции, ама не можев 100%“, објасни тој по мечот.
Микел Хансен беше заменет во второто полувреме со Расмус Лауге, кој постигна десет гола и со тоа беше главен фактор кој придонесе Данска да го освои СП третпат по ред.