Најкорисниот играч во изминатата сезона во НБА, Џејмс Харден, деновиве индивидуално се подготвува во Шпанија. Играчот на Хјустон Рокетс има големи амбиции и затоа сака да биде во топ форма пред стартот на новите возбудувања.
Харден прикачи неколку слики на неговиот профил на – „ Instagram“ покажувајќи како тренира во салата во Бадалона, – гратче кое се наоѓа блиску до Барселона. 28-годишниот бек во претходниот шампионат одигра 72 меча со просек од 30.4 поени, 8.8 асистенции, 5.4 скокови и 1.8 украдени топки.
„Ракетите“ во изминатата сезона стигнаа до финалето на Западната конференција, но, загубија од Глден Стејт кој, пак, подоцна ја освои титулата во НБА лигата.