Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Харт остана вчудоневиден од играта на Џејмс
    NBA

    Харт остана вчудоневиден од играта на Џејмс

    dinoBy dino19/11/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Младиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Џош Харт, изрази восхитување од вештините на неговиот соиграч, Леброн Џејмс, кој имаше блескава партија на средбата со Мајами.

    Така наречениот „крал“ на натпреварот со „врелите“ имаше 51 кош, 8 скокови и 3 асистенции и беше најзаслужен за победата на неговиот тим со 113 спрема 97. Токму по мечот, 23-годишниот играч на Лејкерс кој бил импресиониран од играта на Џејмс, тоа го искоментирал со интересен пост на социјалната мрежа – „Twitter “.

    „Создаден во лабораторија“, напиша Харт непосредно по деветтата победа на Лејкерси во новата сезона. 23-годишниот кошаркар кој ја реализира само втората година во НБА лигата, има просек од 11.1 поен, 3.9 скокови, 1.3 асистенции и 1.4 украдени топки. Тој досега не е пропуштил ниту еден натпревар на неговиот тим во сезоната 2018/2019.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Окхлахома го запре Денвер, Бруклин подобар од Голден Стејт

    23/01/2023

    И Кошаркарската федерација објави предлог листа за ваучери за 2023

    20/01/2023

    Јончевски заврши со Трепча

    16/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    • Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.