Светската ракометна федерација (ИХФ) и во следните четири години ќе биде под водство на Хасан Мустафа, кој доби убедлива доверба од членките на организацијата и го продолжи своето долгогодишно владеење со светскиот ракомет.
Хасан Мустафа, кој е на чело на ИХФ уште од 2000 година, со оваа победа обезбеди мандат најмалку до 2029 година, продолжувајќи ја својата доминантна позиција во меѓународниот ракомет повеќе од четврт век. На денешното изборно собрание, актуелниот претседател практично ја „декласираше“ конкуренцијата, освојувајќи дури 73 проценти од гласовите. Овој резултат е уште поимпресивен ако се знае дека Мустафа освои околу пет пати повеќе гласови од тројцата противкандидати заедно, што јасно ја отсликува неговата силна поддршка и влијание меѓу националните федерации.
Во изминатите децении, под негово раководство, ИХФ доживеа значителна експанзија, како во натпреварувачки, така и во организациски и комерцијален аспект, со зголемен број турнири, поголема глобална видливост и ширење на ракометот на нови пазари.

