Поранешната НБА ѕвезда, Двајт Хауард, објаснува зошто е тешко да се браниш од Џоел Ембид.
„Најтешкиот играч за чување е веројатно Џоел Ембиид. Знае да направи лажен потег. Ембиид знае како да ја искористи големината и силата кога е потребно“ – вели Хауард.
„Има добар шут. Ако играм против него, ќе се обидам да го притиснам низ целиот терен, ќе се обидам да не му дозволам да постигне лесни поени“ – потенцираше поранешниот НБА играч.

