Кошаркарскиот репрезентативец на Италија, Даниел Хекет, објави дека нема да го носи дресот на „аѕурите“ во новиот квалифиикациски циклус за место на Евро-баскетот во 2021. година.
„Чувствувам дека е време да го отстапам местото на младите. Јас репрезентативната кариерата ја завршив со настапот на последното СП во Кина“ – објави кошаркарот на ЦСКА Москва.
Италија која е во квалификациската групата со Македонија, за наредните мечеви ќе ги нема на располaгање и НБА-ѕвездите, Белинели и Галинари.