Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Игор Ѓоргиев: „Против Португалија мораме да правиме помалку грешки и брзо да се враќаме во одбрана“
    Ракомет

    Игор Ѓоргиев: „Против Португалија мораме да правиме помалку грешки и брзо да се враќаме во одбрана“

    risteBy riste17/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Средниот бек на нашата ракометна репрезентација Игор Ѓоргиев направи анализа на мечот со домашната селекција на Данска и рече дека оваа репрезентација стана велесила во последните десет години и против нив е секогаш тешко да се игра.

    „Данска покажа дека во последните десет години е велесила во ракометот. Тоа го докажа и против нас. Нивната транзиција е речиси перфектна, а и има и уште многу позитивни сегменти во нивната игра. Затоа се најдобри“, рече Ѓоргиев. 

    Ѓоргиев исто такна истакна дека против Португалија не им преостанува ништо друго освен да го дадат максимум и се од себе. 

    „Ние ќе го оставиме срцето на терен и против Португалија и против Романија. Ова се за нас двата најважни натпревари. Португалија е селекција која што е полуфиналист на последното Светско првенство и е составена од играчи кои играат во Лигата на шампионите. Нам ни останува добро да се одмориме и да го анализираме противникот за подготвени да истрчаме на утрешниот натпревар. Се надевам дека ќе бидеме подобри на овој дуел, како во одбраната, така и во нападот. Треба да ги намалиме техничките грешки, а воедно и да ја поправиме реализацијата. Исто така треба да посветиме многу внимание на враќањето во одбрана, бидејќи тоа е клучот да не примиш многу голови против таков тип на селекција како што е Португалија“, изјави Ѓоргиев.  

    Натпреварот на Македонија со Португалија се игра утре, од 18:00 часот, а ќе видиме како ќе биде на трибините во Хернинг каде очекуваме нашите навивачи да бидат во поголем број и повеќе во однос на оние од Португалија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.