Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»ИХФ го казни РФМ парично, ќе затвори дел од трибините за дуелот со Гвинеја
    Ракомет

    ИХФ го казни РФМ парично, ќе затвори дел од трибините за дуелот со Гвинеја

    risteBy riste18/01/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната федерација на Македонија (РФМ)доби парична казна по случувањата на трибините на вчерашниот дуел меѓу Холандија и Македонија.

    Казната е на име на недолично однесување на фановите против Холандија во мечот од второто коло на СП, а истата изнесува 10.000 франци.

    Покрај паричната казна, ИХФ му нареди на домаќинот да ја затвори трибината зад клупата кај тимовите. Доколку се повтори истиот инцидент Македонија ќе игра без публика. Ќе се зголеми и бројот на обезбедување, а сите навивачи ќе бидат детално проверувани при влез.

    Еве што се вели во одлуката на ИХФ:

    Македонската ракометна федерација доби парична казна поради недоличното однесување на македонските навивачи;
    Македонската ракометна федерација е предупредена дека идните натпревари на селекцијата на Македонија ќе бидат затворени за гледачи доколку се повторат слични инциденти.

    По горенаведеното, на организаторот (ЛОК) му е наложено дека:

    – просторот на гледачите зад тимските клупи/масата за поддршка за гледачите да биде затворен за сите понатамошни натпревари;
    – да се зголеми присуството на безбедносниот персонал и полицијата во Вараждин и да се извршат целосни контроли на пристапот, вклучително и контрола на сите гледачи, торби итн.;
    – гледачите и носителите на билети да бидат информирани за безбедносниот концепт.

    Оваа реакција од страна на ИХФ доаѓа откако нашите фанови синоќа фрлаа тврди предмети на теренот, а по завршување на мечот, Холандија избега од теренот осудувајќи го однесувањето на нашите навивачи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.