Македонскиот ракомет загуби уште едно големо тренерско име. Денеска во 47-година од животот почина познатиот македонски тренер Андон Бошковски
Бошковски целиот свој живот го мина на и околу ракометниот терен. Работеше како тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш.
Последниот ангажман го имаше на Косово, по што најави враќање во Македонија.