Играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, денеска ќе направи дополнителни медицински тестови за да се утврди степенот на неговата повреда.
Турскиот репрезентативец нема да му биде на располагање на тренерот, Кристијан Киву за домашниот натпревар во Лигата на шампионите против Штутгарт закажан за утре како и за саботната пресметка против Џенова во Серија „А“.
Фудбалерот заработи повреда на мускулот на десната бутина за време на натпреварот против Аталанта во Бергамо.

