Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Интервју со директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ: Тешка сезона, но нема предавање, новата сезона треба да почне во декември
    Ракомет

    Интервју со директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ: Тешка сезона, но нема предавање, новата сезона треба да почне во декември

    sasoBy saso05/09/2021No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Задар денеска е домаќин на финалните натпревари од тековната сеозна во СЕХА Гаспром лигата. По полуфиналните дуели пред два дена, денеска хрватскиот град ќе го даде и името на новиот регионален шампион. Во очекување на почетокот на мечот за 3. место и големото финале, во ексклузивно интервју за Спортското радио 90.3 фм, директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ, зборуваше за случувањата во лигата оваа година, за плановите и стартот на новата сезона, како и сите проблеми со кои се соочи СЕХА поради пандемијата на глобално ниво.

    „Цела година беше многу тешка. Овој Ковид ни ги промени животите и на жал многу влијаеше на спортот во целина, па така и на СЕХА лигата. Беше многу тешко да се игра, да се патува, па и финансиски сето тоа да се следи. На крајот кога ќе дојдете на крајот на сезоната, со овој Ф4, најбитно е да сме живи, здрави. Кога ќе погледнеме за д нас, знаеме дека ова беше една од најтешките години од овие 10 години од постоењето на СЕХА лигата“, вели Остојиќ.

    За начинот на кој се усогласуваат протоколите за Ковид-19 од сите 6 земји учеснички, тој додаде:

    „Многу тешко е да ги усогласите сите 6 земји и протоколите за Ковид-19. Ние не сме тие кои гиодредуваат правилата. Тука е медицината, епидемиолозите и ние само треба да ги следиме тие нивни одлуки. Навистина во сите земји одлуките се најразлични, а секои 15 дена можат да се менуваат. Тоа што е клучно и битно, мора да бидеме свесни дека луѓето умираат од оваа болест, бројките се креваат, и секој како човек треба да биде загрижен“.

    Задар денеска ќе го даде новиот првак, но средбите ќе се играат пред празна сала. Вардар поради проблемот со Ковид-19 иако се пласираше, не доби шанса да игра на завршниот турнир.

    „Играме без публика, но ние сме подготвени. Ако има уште нешто да се среди пред почетокот на финалниот ден, секако ќе се среди. Знаете дека имавме една несакана одлука пред почетокот на турнирот, но тоа се некои работи кои не зависат од нас. Зад мене е една од најлошите недели во СЕХА лигата. Година и половина ние не ги одредуваме нашите одлуки, поради ова што се случува. Навистина сакав јас лично како директор нешто да направам, но тоа не е во мои раце. Не сме ние тие кои ги донесуваме тие одлуку, туку некои други луѓе кои се сега задолжени за одредување на протоколите. Тоа е.  Да можеме поинаку, сигурно ќе го направевме, но ние не сме тие кои ги одредуваат протоколите. Спортот се обидува да оди понатаму, но со многу напори. Еве овде во Задар не може да има гледачи, има многу високи бројки на заразени, болниците се полни“.

    За плановите за следната сезона, Остојиќ вели:

    „Имаме план и за следната сезона, секако, без тоа не може. Факт е дека кога ќе завршиме, мора веднаш да почнеме да се подгитвуваме за следната сезона. Објектовно е дека многу екипи ќе играат домашни првенства, Лига на шампиони и европски купови, па затоа нема да брзаме со стартот на новата сезона. До крајот на октомври треба да имаме комплетна слика за составот на екипите и се останато. Се надеваме дека овој бран ќе се смири и дека ќе почнеме да живееме понормално. Со самото тоа би сакале да воведеме уште некоја екипа од овие простори и малку да ги забрзаме темпото. Велам, до крајот на октомври би требало да ја имамем комплетата слика.  Мислам дека доро ќе функционираме и следната сезона. Во целото ова Ковид-лудило, ќе пронајдеме и место и памет да почнеме да се креваме во една насока. Искрено крајот на декември или почетокот на новата година би требало да почнеме со новата сезона. Ф4 би се играл во овој термин и не би менувале.“

    Комплетното интервју со директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ, можете да го проследите и во програмата на Спортското радио 90.3 фм.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Добра партија на Е. Пелистер, но Кил славеше во Битола

    27/09/2023

    Јовиќ пред Кил: Мора да се покажеме во многу поинакво светло

    26/09/2023

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.