Во текот на ноќта беа одиграни 11 средби во кошаркарската НБА лига а во преден план излезе Кајри Ирвинг кој реалзираше 50 кошеви во дебитантскиот меч за Бруклин.
Тој со постигнaтиот ефект успеа да собори неколку рекорди. Прво, стана најефикасниот дебитант во дресот на Бруклин, второ, се промовираше како кошаркар со најмногу поени во НБА на деби меч за некој тим и трето, влезе во историјата како еден од шесторицата кошаркари што ја почнале сезоната во НБА со 50 или повеќе поени.
Еве ги сите резултати од ноќешните мечеви одиграни во НБА лигата. Шарлот – Чикаго 126:125, Индијана – Детроит 110:119, Орландо – Кливленд 94:85, Бруклин – Минесота 126:127 (прод.), Мајами – Мемфис 120:101, Филаделфија – Бостон 107:93, Далас – Вашингтон 108:100, Сан Антонио -Њујорк 120:111, Јута – Оклахома 100:95, Феникс – Сакраменто 124:95, Портланд – Денвер 100:108.

