Тренерот на кошаркарите на Партизан, Андреа Тринкиери, ги коментираше шансите на Србија на претстојното Светско првенство во Кина. 51-годишниот италијански специјалист проценува дека Србите можат да ги совладаат НБА ѕвездите во селекцијата на САД.
„Американците остануваат број 1, но, Србија игра фантастична кошарка и мислам дека ниту еден друг светски тим нема да може да игра на тоа ниво. Сè може да се случи“ – вели Тринкиери.
„Србите дефинитивно можат да победат Соединетите Американски Држави доколку двете земји се сретнат на Мундијалот. Мислам дека Американците се свесни за тоа “ – потенцираше тренерот кој втор сезона по ред ќе седи на кормилото на Партизан.