Машката ракометна репрезентација на Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, во фантастична атмосфера, успеавме да ја совладаме селекцијата на Турција со 31 спрема 27, полувреме 17:13. Нашите репрезентативци во континутет ја контролираа играта и резултатот а гостите само на моменти покажаа дека можат да парираат. Капитенот Кире Лазаров со девет голови беше најпрецизен во нашиот табор додека кај противникот се издвои Бичер кој постигна шест голови.
Македонија во второто коло в недела ќе гостува кај Грција додека Турција на домашен терен ќе игра со Исланд.