Томислав Јагуриновски е еден од седумте дебитанти во нашата репрезентација на ова Светско првенство. Во пресрет на денешниот дуел со Норвежаните, Јагуриновски ни изјави:
„Ќе дадеме се од себе да го изненадиме денешниот противник. Норвежаните играат одличен ракомет, познати се по својата игра. Сметам дека можеме да одиграме добар натпревар и во некој сегмент да ги изненадиме. Ми се допаѓа овој систем, ми одговара побрзата игра. Јас мислам дека сме добри и ќе бидеме само уште подобри. На подтотвителниот турнир во Хрватска игравме коректно во нападот, а мал проблем беше одбраната, на пониско ниво. Тоа мора да го поправиме. Нормално е кога играш брзо да примаш повеќе голови“.