Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Јакобсен: „Ќе се штедиме, но ќе одиме на победа против Македонија“
    Ракомет

    Јакобсен: „Ќе се штедиме, но ќе одиме на победа против Македонија“

    risteBy riste17/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на репрезентацијата на Данска, Николај Јакобсен ќе се обиде да сочува дел од играчите за следните натпревари кои ја очекуваат неговата селекција на Европското првенство на последниот меч од групната фаза против Македонија.

    Данска е голем фаворит за побеата на оваа средба, а поради тоа селекторот се одлучи да им даде одмор на неколку ѕвезди, а во текот на натпреварот ќе се обиде да го разигра целиот тим од клупата на резерви.

    „Секогаш сум поддржувач на штедењето на сили. Ако можеш да заштедиш, направи го тоа затоа што ќе ти треба подоцна. Дали чини нешто? Не верувам дека е така. Има толку многу смиреност и самодоверба во тимот овде што ако играме лош натпревар, веројатно ќе бидеме конкурентни за победата. За нас е важно да влеземе и да го направиме она што треба да го направиме против Македонија. Мора да играме натпревар во полн ек и да играме за да победиме“, истакна Јакобсен.

    Македонската ракометна репрезентација по двата порази на стартот ќе го заврши настапот на ЕП,но сепак се надеваат дека со добра игра ќе се простат од овој шампионат.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.