Двократниот МВП играч на НБА, Јанис Адетокумбо, кој освои титула со Милвоки во 2021 година, изненадувачки потпиша максимално продолжување на договорот со Милвоки Бакс во вредност од 186 милиони долари.
Новиот договор е на три години и вклучува опција за играчот за сезоната 2027/2028, објавија „ЕСПН“.
Јанис Адетокумбо претходно изјави дека нема финансиска смисла тој да потпише продолжување на договорот сега наместо летото 2024 година. Крајниот рок за Адетокумбо и Милвоки да ја завршат зделката беше во понеделник на полноќ, бидејќи таа вечерва почнува новата сезона во НБА.
Адетокумбо минатата сезона имаше најдобар просек во кариерата 31,1 поени на 63 натпревари и имаше просек од 11,8 скока и 5,7 асистенции. Тој беше прогласен за МВП на НБА во сезоните 2018/2019 и 2019/2020 година, како и МВП во финалето во 2021 година кога Милвоки Бакс го победи Феникс Санс.

