Интернационалецот од Грција во редовите на Милвоки, Јанис Адетокумбо, беше избран за „најкорисен играч” во последната сезона во НБА лигата. 24-годишниот кошаркар за прв пат во кариерата го добива признанието – „МВП“ откако ја доби битката со Џејмс Харден од Хјустон и со Пол Џорџ од Оклахома Сити.

Играчот на Сакраменто кој е висок 211-сантиметри, покажа фантастичен ефект на теренот и во 72 меча оствари во просек 27.7 поени, 12.5 скокови, 5,9 асистенции, 1,5 блокади и 1,3 одземени топки. Адетокумбо е само вториот играч од Европа што успеал да дојде до наградата – „МВП“ во една сезона во НБА лигата.
Пред него тоа го направи легендарниот Германец, Дирк Новицки. Последен пак од редовите на Милвоки што ја подигнал наградата беше Карим Абдул Џабар во сезоната 1973/1974.

