Сопственикот на кошаркарскиот состав Торонто Репторс, Масаи Уџири, имал средба со младиот тренер на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.
Литванецот кој неодамна влезе во тренерските води се наметнува како главен кандидат за наследник на Двен Кејси кој во изминатата сезона го забележа најдобриот ефект во историја на клубот.
Јасикевичиус своевремено играше во Индијана и Голден Стејт. Тој во претходната сезона со неговиот состав Жалгирис беше дел од завршниот Ф4 турнир на Евролигата кој се одржа во Белград.