Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна 31 поен, забележа 22 асистенции и имаше 21 скок во победата против Феникс Санс.
Србинот со тој ефект стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој остварил трипл-дабл со статистика 30-20-20. Корпулетниот центар го забележа 29-от троен-ефект во сезонава или вкупно 159-от во кариерата.
Со неговите 22 асистенции на еден меч, го помина на врвот на вечната листа легендарниот, Вилт Чембрлен, кој го држеше рекордот повеќе од 57 години.

