Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Јовиќ: Сега треба да се сплотиме, само така ќе ја оствариме целта
    Ракомет

    Јовиќ: Сега треба да се сплотиме, само така ќе ја оствариме целта

    sasoBy saso05/04/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Е. Пелистер со една нога зачекорија кон завршната рунда од СЕХА лигата. Во првото четвртфинале со Татран Прешов, битолчани дојдоа до висока победа од 8 гола разлика, што причини задоволство и на трибините и на клупата на битолчани.

    „Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции, што ни донесе лесни голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетниот ривал. Исто така, сакам да искажам благодарност до публиката што дојде во толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам дека нам во овие два месеци ни се потребни сите играчи. Многу ја сакам Битола, го сакам и клубот и мислам дека оваа сезона имаме голема шанса да ги оствариме сите цели. Затоа би ги замолил сите во овие два месеци да се сплотиме, да бидеме една целина, бидејќи само така можеме да ги оствариме целите. Нам Хосни ни е потребен како играч и само заеднички можеме до успех. Моја молба до публиката е да ни даде поддршка и јас ветувам дека нема никој да ги изневери“, изјави по мечот предводникот на „зелено-белите“, Александар Јовиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Тренер натепал млад ракометар, таткото го пријавил во полиција

    06/06/2023

    Еурофарм Пелистер го донесе првото засилување, во Битола доаѓа Нејц Цехте

    02/06/2023

    Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

    29/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Атанасов гостин на Спортско радио 90.3 фм: Играчите покажаа дека се професионалци, ова беше посебно искуство
    • Калин без борба до полуфинале на Фјучрсот во Скопје
    • Штипјани на 26 јуни ги почнуваат подготовките за новата сезона
    • Лацио ги договори Берарди, се чека „амин“ од Сасуоло
    • Ливерпул го договорил и второто засилување
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.