За македонските кошаркарски јуниори останува уште да го одиграат дуелот со Чешка денеска, а потоа веројатно да размислуваат како да се извлечат од дното на табелата на ЕП во Б-дивизија кое се одржува во Скопје.
По синоќешниот пораз од Израел, нашите млади надежи денеска го имаат мечот од последното 5. коло во групата „Ц“ против големиот фаворит, кој досега во четири одиграни натпревари има три победи и само еден пораз и тоа оној од синоќа против селекцијата на Холандија.
Нас само изненадување може да не однес ево групата на четири најдобри селекции во нашата група и потоа да се бориме за пласман од 9 до 16 место. Во спротивно, Македонија ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место.