Тренерот на ракометарите на Мешков Брест, Маноло Кадењас, пред денешното полу-финале во СЕХА Газпром лигата против „црвено-црните“ вели дека нашиот тим е главниот претендент за победничкиот пехар.
„Јасно е дека Вардар е фаворит. Тие дојдоа тука како најдобри а имаат и еден ден повеќе за одмор. Ние игравме завчера а потоа патувавме за да дојдеме тука. Ние играме дома и тоа е многу значајно“ – потенцира Кадењас.
„Во овој случај да се биде домаќин е предност. За нас тоа е многу значајно бидејќи играме многу подобро на домашен терен. Понекогаш на гостувањата игравме многу лошо, некако без тимски дух. Затоа е подобро за нас што ќе играме дома“ – изјави тренерот на Мешков Брест за Спортско радио 90,3 ФМ.