Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците во групата Ф на претстојното 10. Светско младинско првенство кое ќе се одржи во Хрватска.
Противници на нашите млади ракометари до 19 години ќе бидат селекциите на Норвешка, Црна Гора и победникот од квалификацискиот турнир кој треба да се одржи во Костарика.
СП во Хрватска ќе се одржи од 2 до 13 август оваа година.