Денеска од 14.00 часот во Базел ќе се формираат групите за Светското ракометно првенство – У19 кое ќе се одржи во Скопје од 6 до 18 август. Македонија бидејќи е организатор, нашиот селектор, Данило Брестовац, ќе ја има привилегијата да избере во која група сака да игра и тоа пред да бидат извлечени фаворитите од првите два шешира.
Во првиот се Шведска, Исланд, Данска и Хрватска а во вториот, Шпанија, Германија, Франција, Бахреин. Нашата селекција е во третата група со Србија, Словенија, Унгарија што значи дека тие земји не може д а ни бидат противници во првата фаза. Потоа следуваат во четвртиот шешир: Египет, Јапонија, Норвешка, Тунис. Во петтиот се Бразил, Аргентина, Чиле и Тајпеј додека во последниот според квалитетот се вметнати: Нигерија, С. Арабија, Португалија и Канада.
На СП – У19 во Скопје, кое ќе се игра од 6 до 18 август, ќе има четири групи со по шест екипи а најдобрите четири од секоја група ќе одат во осминафиналето. Последните две селекции ќе играат во Президент куп.

