Кадетска машка ракометна репрезентација на Македонија го запиша и вториот триумф на ЕХФ шампионатот во Рига. Избраниците на Раде Стојановиќ денеска го совладаа Косово со убедливи 39:16 и обезбедија пласман во следната рунда на овој шампионат. Дуелот со Летонија, последен од групната фаза ќе биде битка за прво место.
Александар Петковски со 9 гола беше прв стрелец во нашиот тим, додека Димкоски, Белистојаноски и Узунчев постигнаа по 5 гола.